Три Албанки приведени во Тетово

Четири албански државјани, од кои три женски лица З.М.(20), Б.М.(17) и К.Л.(24) и едно машко лице Г.П. (22) синоќа околу 19 часот биле приведени од полицијата откако биле затекнати на улицата „Илинденска“ во Тетово во непосредна близина на Брвеничката крстосница.

Четворицата легално влегле во нашата земја, поседувале соодветни документи, но сите непријавено престојувале на подрачјето, а една од девојките и нелегално работела во угостителски објект.

По приведувањето и задржувањето албанските државјани биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошн постапка. Денеска тие се изведени пред судија за прекршоци во Основниот суд Тетово и изречени им се парични казни и забрана за влез во Република Македонија во траење од една година по што ќе следи нивно депортирање во матичната земја.

11.11.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега