Со нож избодел 14 годишно девојче пред Мавровка

Меѓусебните недоразбирања, малолетници ги решавале со нож. 16 годишниот А.Р. денеска околу 19 часот пред Мавровка во Скопје по кратка расправија со нож ја прободел 14 годишната Ц.М од селото Бојане. Девојчето добило две убодни рани во пределот на левата натколеница, а напаѓачот се дал во бегство. Девојчето е префрлено во Градската општа болница и е надвор од животна опасност.
Од полицијата за Press24 го потврдуваат случајот но не откриваат повеќе детали.

11.11.2014 - 20:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега