Ставрески: Ќе има сериозни инвестиции за Коридорот 8
Коридорот 8 претставува еден од стратешките приоритети во транспортната инфаструктура за следниот среднорочен период и во таа насока планираме да вложиме сериозен износ средства, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања.
Според Ставрески, со вчерашната објава од Европската банка за обнова и развој дека се одобрени 145 милиони евра за втората фаза од пругата кон Бугарија, од Белјаковце до Крива Паланка, се обезбедени средства и реализацијата на пругата ќе продолжи непречено.
- Тоа ќе претставува главната алтернативна опција за транспортот во однос на постоечкиот Коридор 10. Очекувам во следниот период исто така да се интензивира и градбата на патот од Кичево до Охрид и Струга и источниот автопат од Скопје до Штип, така што во целина и Коридорот 8 и краците на Коридорот 8 ќе бидат во фокусот на Владата за следните три-четири години и ќе има сериозни инвестици во тој дел, рече Ставрески, по потпишувањето на договорот за проектот за модернизација на патарините долж Коридорот 10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа