ВИДЕО: Светот зборува за овој потег: Дали е ова најдобриот поен на Ѓоковиќ досега ?

 

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ продолжува со убедливите игри на Мастерс купот што се одржува во Лондон.

Тој синоќа во мечот од второто коло од А групата го победи Стан Вавринка препуштајќи му само три гема.

Србинот на мечот кој траеше еден час и пет минути до втората победа дојде со 6:3 и 6:0 по сетови.

Со евентуална трета победа во групата каде го очекува дуелот со Томаш Бердих, Ѓоковиќ ќе си го обезбеди опстанокот на првото место на АТП листата без оглед на резултатите на конкурентот Рожер Федерер.

Претходно, на другиот меч од 2.коло во А групата, Томаш Бердих го победи Марин Чилиќ со 6:3 и 6:1.

Табела А група: Ѓоковиќ 2-0 (победи-порази), Вавринка 1-1, Бердих 1-1, Чилиќ 0-2.

Денеска на програмата се средбите од 3.коло во Б групата: Кеи Нишикори – Милош Раониќ и Рожер Федерер – Енди Мареј.

Табела Б група: Федерер 2-0, Нишикори 1-1, Мареј 1-1, Раониќ 0-2.

 

13.11.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега