Цените на индустриските производи на годишно ниво повисоки за 0,1 отсто

 

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври се непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0,1 отсто на  годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во октомври 2014, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија и Нетрајни производи за широка потрошувачка  за 0,1 отсто, пониски во групата Капитални производи за 3,7 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во октомври 2014, во споредба со октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 1,9 отсто, во групата Интермедијарни производи, 
освен енергија за 0,9 отсто и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто.

13.11.2014 - 16:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега