Се огласи Јаховиќ: Додека е Ѓуровски селектор не се враќам во репрезентацијата

 

Додека е Ѓуровски селектор, јас не се враќам во оваа репрезентација, за која играв со срце и покрај тоа што од клубот имав спротиставувања да не играм за својата селекција, многу ми е жал поради овој настан, секогаш играв со срце за оваа земја, вели напаѓачот Адис Јаховиќ.

Селекторот Бошко Ѓуровски само еден ден пред квалификацискиот меч против Словачка од репрезентацијата ги избрка Адис Јаховиќ и Даниел Георгиевски. Причината е недисциплина, односно нивна меѓусебна вербална расправија која наводно можела да прерасне и во физичка.

На денешната прес-конференција селекторот не ги откри причините поради кои ги избркал овие репрезентативци, само изјави дека не сака да толерира непочитување и недисциплина.

Од друга страна, пак, Адис Јаховиќ ја отвори душата. Тој за порталот „Спорт365.мк“ изјави дека се беше едно недоразбирање и дека можело да се реши на поинаков начин.

- Ова беше едно недоразбирање имавме мошне опуштена и добра атмосфера на тренингот, дојде до едно мало недоразбирање, по што тој ме навреди со тешки зборови, јас сум постар од него, тоа е еден вид на некултура, не смее таков однос никој да има во националниот тим, нормално, и јас потоа возвратив, при што бевме повикани од страна на селекторот. Јас му подадов рака, во знак на извинување, но очекував и од негова страна извинување и смирување на страстите, тој тоа категорично го одби, и поради ова, селекторот Ѓуровски се реши да не отстрани и двајцата, открива Јаховиќ во изјава за „СПОРТ365“ и притоа додава:

-Ѓуровски го покажа својот карактер, и своето лице, тој откако беше поставен за селектор се отиде во надолна линија, воопшто не ми се допаѓа принципот на работа, кој е апсолутно непрофесионален, во секоја смисла на зборот. Тренинзите се лоши, ужасни, катастрофални, само јадеме и спиеме, зарем така ќе очекуваме успеси. Додека е Ѓуровски селектор, јас не се враќам во оваа репрезентација, за која играв со срце, и покрај тоа што од клубот имав спротиставувања да не играм за својата селекција, многу ми е жал поради овој настан, секогаш играв со срце за оваа земја...“ дополнува македонскиот напаѓач, вели Јаховиќ.

Комплетното интервју на Јаховиќ можете да го прочитате ТУКА.

14.11.2014 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега