И животните ќе имаат матичен ветеринар

Според последните измени на Законот за ветеринарно здравство, одгледувачите на животни имаат обврска да склучат договор со ветеринарно друштво по свој избор и со тоа да изберат еден матичен ветеринар за своето животно.

Ова важи  за оние што чуваат домашни животни што се наоѓаат во регистарот, како што се говедата, овците или козите, а не и за сопствениците на домашни миленици, како кучиња и мачки.

На ваквата процедура ќе бидат подложени сите без исклучок, без оглед дали одгледуваат за домашни потреби или за пазарот, пишува „Нова Македонија“.
Со 250 евра ќе бидат казнети овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница ако не склучи договор со одгледувачите на животни во предвидениот рок.

Казните за одгледувачите на животни ќе се движат од 150  евра.

ФОТО:Сител

најчитано сега