Федерер избори финале во Лондон
Во неизвесен и драматичен дуел каде противникот имаше четири меч топки швајцарскиот тенисер Рожер Федерер го победи Станислас Вавринка со 2-1 и обезбеди финале на Мастерсот во Лондон.
Сонародникот на Федерер го доби првиот сет со 6:4, во вториот Федерер беше поуспешен со 7:5 и мечот влезе во решавачки трети сет кој беше одлучен со тај-брејк 7:6. Вториот светски рекет ја искористи првата меч топка, откако претходно четири пати се спасуваше од пораз.
Финалето на завршниот АТП турнир ќе се игра денеска. Противник на Федерер ќе биде најдобриот светски тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ. Почетокот на финалето е во 19 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа