Откриен идентитетот на загинатиот во сообраќајката кај Охрид

Лицето кое вчера го загуби животот во тешката сообраќајка која се случи околу 16 часот и 20 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Песочани е педесет и осумгодишниот Јордан С. од село Годивје. 

Во немилиот настан со повреди се здобија и дваесет и четиригодишните Д.Т. и П.Б. и двајцата од Охрид.

Сообраќајната незгода се случила во момент кога возачот на патничко моторно возило марка „Алфа Ромео“ со охридски регистарски таблици, движејќи се од Кичево кон Охрид, од засега неутврдени причини изгубил контрола над возилото и се занело по коловозот по што со десна страна удрило во предниот дел од патничкото моторно возило марка „Сеат Кордоба“ со охридски регистарски таблици кое во моментот се движело во правец од Охрид кон Кичево ,а кое било управувано од сега починатиот Јордан С.

Тешко повредените И.С. (64), С.С.(64) и З.С. (54) кои биле сопатници во возилото „Сеат Кордоба“ како и полесно повредените Д.Т.(24) и П.Б.(24) кои биле во возилото „Алфа Ромео“ со возило на брза помош се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид како и полициски екипи од охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. За време на увидот, се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила, а запрени беа тешките товарни возила и автобусите.

16.11.2014 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега