Тепачка во скопска „Деспина“ - едно лице три пати прободено со нож

Утрово околу  околу 05.00 часот во Скопје во угостителскиот објект „Деспина“ се случила тепачка во која едно лице било три пати прободено со остар предмет.

По претходна расправија помеѓу повредениот Е.А.(1980) од Скопје и дел од обезбедувањето на објектот, непознато лице со остар предмет му нанело три убодни рани во пределот на стомакот.

Од страна на очевидец на настанот Е.А. е пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ од каде е префрлен во Ургентниот центар-Скопје и е задржан на понатамошно лекување. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

16.11.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега