Видови луѓе на слава
Тој што го има зборот - посебно е незгоден бидејќи не прифаќа никакви аргументи од неговите противници и располага со завиден арсенал на теми: се од дневнополитички до „што ми се случи `78-ма. Најмногу ги цени тие што не му се спротивставуват, не сфаќајќи дека тие дошле само да се најадат сарми и прасечко, да го испочитуваат домаќинот и дека ги боли цеф за муабетите на маса. Склон кон алкохол. Елцин - дошол на славата да се начука и тоа воопшто не го крие, дури се труди со однесувањето да им покаже на сите колку е пијан и среќен зошто е на слава. Обично доаѓа со жена му која го игнорира. Непознат лик - осамен лик кој некој од фамилијата површно го знае преку работа, па дошол на слава малку да се дружи со луѓе. Има психо сурат, ама не е опасен и не пречи. Не пие. Социјализатор - средновечен тип. Пробува да се социјализира со тебе бидејќи околностите ве споиле на иста географска локација. Диџеј - на сите начини пробува да направи некаква журка со апла глупи музички желби од типот на Елитни одреди. Старите го гледаат со гадење. Дечкото на ќерката на домаќинот - сосема надвор од неговата комфорт зона, ни сам не знае што да прави освен да јаде, а не смее да се напие. Далечен чичко, стрико, вујко што работи во полиција - те гледа испитувачки за да открие со што се дрогираш и зошто. Вечното дете - тип во рани 20-ти години што домаќините го седнуваат во малата соба за да јаде со малите деца од картонски чинии. Стојна - средновечна жена која цело време збори „само малку да пробам“ и така за се и на крај ја јаде цела маса. Неретно има слаб маж. Вегетаријанец - сите го заебаваат дека не јаде месо пробувајќи да бидат смешни и досетливи. Често не им оди ребрањето па он само им се смее од пристојност, и плус зошто е пизда. Вујко, шверцер на гуми од Германија - на секоја слава, веќе 20 години, инсистира дека ја е*ел Драгана Мирковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа