Тројца валандовци завршија со лисици на рацете поради криумчарење на мигранти

Три лица, триесет и деветгодишниот С.Н. дваесет и шест годишниот Д.М. и двајцата од валандовското село Марвинци и дваесет и петгодишниот С.К. од село Казандол заработија кривични пријави поради „криумчарење мигранти“. 

Станува збор за криумчарење на 25 мигранти од Сирија, еден од Судан и тројца од Сомалија. Претходно на осомничените им е изречена осумдневна мерка притвор. 

Во првиот случај, соопшти денеска МВР, четири сириски мигранти заедно со пријавениот С.Н. од село Марвинци затекнати се во близина на напуштен објект во м.в „Стара кафана“. Илегалните мигртанти по документирањето на случајот се предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Во вториот случај пријавениот Д.М. со товарно моторно возило фургон марка „пежо боксер“ со гевгелиски регистарски таблички, по претходен договор со лице од Пакистан, на патниот правец Марвинци-Балинци кај м.б. „Канал“ прифатил 20 сириски државјани, од кои четворица поседувале и грчки документи, со цел да ги превезе до наплатната рампа пред Куманово за сума од 130 евра од лице. Но, набргу по тргнувањето кај раскрсница Валандово-Дојран-Струмица од страна на полициски службеници од Полициската станица во Валандово со светлечка стоп палка му е дадено знак СТОП да застане. Д.М. не ја почитувал дадената наредба ја зголемил брзината на возилото и се упатил во правец на село Раброво, и кај м.в. “Штали“ го запрел возилото и се дал во бегство со поголем дел од мигрантите. Набргу е фатен и приведен во Полициската станица во Гевгелија.

И во третиот случај пријавениот С.К. управувајќи возило марка „ Југо Темпо 1.1“ со струмички регистарски таблички се обидел од близината на валандовското село Јосифово, до Скопје да превезе пет илегални мигранти, но при контрола во близина на Демир Капија.

16.11.2014 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега