Го влечел 15 метри со џипот - Нови детали за трагедијата во центарот на Скопје

Заедно имале 36 години. Жртвата и возачот што го удрил. Дождот ги изми трагите од синоќешната трагедија која се случи на скопскиот булевар Теодосиј Гологанов и во која загина малолетно момче.

Првичните информации се дека 20 годишниот возач од Батинци го удрил 4 години помладиот скопјанец на пешачки по што жртвата била повлечена уште 15-тина метри во правец кон центарот на градот,  објави Канал 5.

Кога момчето паднало на асфалтот веднаш притрчале вработени во блискиот сервис за перење возила. Тие излегле на улица и им сигнализирале на останатите возачи дека има човек на патот за да не го прегазат. Итната помош стигнала за минута, велат вработените во сервисот и лекарите им кажале дека момчето има пулс.

Но во болница им подлегнал на тешките повреди. 20-годишниот возач бил потресен по што и него полицајците го префрлиле во болница. Информацијата за смртта на 16-годишниот средношколец предизвика шокираност која беше изразувана по социјалните мрежи , а фејсбук профилот на жртвата синоќа беше угаснат.

16.11.2014 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега