Соучениците на Иван завиени во црно - му оддаваат последна почит

Во масовен број учениците од средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ утринава се собраа пред училиштето поради самоиницијативната хуманитарна акција за помош на семејството на нивниот соученик Иван Билински, кој трагично загина во сообраќајната несреќа кај Католичка црква во саботата попладне, јавува НОВА.

Другарите на Иван кои секојдневно ја делеле училницата и училишната зграда со него, велат дека за несреќниот настан дознале од медиумите и веднаш потоа преку социјалните мрежи се организирале да направат хуманитарна акција во нивното училиште. 

Директорката Драгица Костадиновска вели дека поради невнимание, ГУЦ изгуби прекрасен ученик.

-Штета, ова е голема штета. Иван беше прекрасно дете, сите класови се организирани за на семејството ќе му помогнеме колку што можеме, изјави за НОВА Јуруковска.

17.11.2014 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега