Албанец доби забрана за влез во Македонија

Вчера во 13 часот на Граничниот Премин „Јажинце“ на излез од Македонија, поради илегален престој приведен е 35-годишниот Џ.Д. од Албанија. Во 15 часот лицето е предадено на полицајци од СВРТетово, од каде е изнесен пред дежурен судија за прекршоци, од чија страна му е изречено решение за протерување со мерка „забрана за влез во Македонија“ во траење од една година.

 

 

17.11.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега