Седница на собраниската Kомисија за финансирање и буџет

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.

На дневен ред се измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за јавни набавки и на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, сите во второ читање.

Комисијата ќе ги разгледа и Предлог-законот за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединци, како и Предлог - законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје, двата во второ читање.

18.11.2014 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега