Ветеринарно медицинските препарати и влијанието врз храната

Денеска во Охрид Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE) организира регионален семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати.

Планирано е учество на 35 држави, и истите ќе разменат искуства за употребата на ветеринарно медицинските препарати во лекувањето на животните и нивното влијание врз храната и здравјето на луѓето.

Семинарот ќе го отвори директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, а најавено е и присуство на регионалниот претставник на OIE за источна Европа, Никола Белев.

18.11.2014 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега