ВНИМАВАЈТЕ: Пајакот „растура“ низ Скопје

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во текот на овие три дена на територијата на Град Скопје отстранети се 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 21 возач кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, девет возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, 15 возачи коишто го користеле мобилниот телефон или, пак, не го користеле сигурносниот појас за време на управување на моторното возило и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Аврам Писарски“ кое се наоѓа во населеното место Бардовци, општина Карпош и во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

18.11.2014 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега