Грабеж во познато казино во Велес

Непознато маскирано лице вчера изутрината извршило грабеж во казиното „Адмирал“ во Велес.

Крадецот влегол во казиното лоцирано на улицата „8-ми Септември“ и заканувајќи се со пиштол од двајца вработени украл околу 104.000 денари.

СВР-Велес презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

18.11.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега