Министерот Јолевски на тркалезна маса во Дом на АРМ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски денеска ќе се обрати на научно-стручната тркалезна маса на тема „Евроатлантските предизвици на Република Македонија: проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности по самитот на НАТО во Велика Британија 2014“.

Целта на оваа дебата, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје. соопшти МО, е на едно место да ги собере претставниците на владиниот и граѓанскиот сектор, истражувачите и претставниците на академското општество и тинк-тенк заедницата, за да споделат идеи и мислења во однос на стратешките определби на Република Македонија – членството во НАТО и Европската Унија.

18.11.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега