Извештај за категоризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро

Во Скопје денеска ќе бидат презентирани клучните наоди на Иницијалниот извештај за категоризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро, којшто е подготвен во согласност со Рамковната директива за води на Европската Унија.

На настанот ќе се обрати заменик-министерот за животна средина и простирно планирање Стево Темелковски.

Извештајот е изработен во рамки на проектот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) за регионална конзервација и одржлива употреба на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро.

18.11.2014 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега