Нема зголемување на извозот кон Русија

Извозот на Македонија во Русија во првите девет месеци годинава достигна до 28.000.000 долари, и не е поместено во споредба со минатата година.
Бројките на Македонско-руската стопанска комора до септември годинава, покажуваат вкупна трговска размена меѓу двете земји во избос од 125.251.000 долари, од кои 28.000 се од извоз. Минатата година пак Македонија вкупно извела кон Русија производи во вредност од окоу 33.000.000 долари.

Ваквите податоци само потврдуваат дека Македонија не прави реекспорт на овошје и зеленчук од Европа на рускиот пазар, производи кои се забранети со ембарко, како што денеска објавија руските медиуми.

 „Немам информација дека има реекспорт во Русија на овошје и зеленчук од земји од ЕУ. Она што можам да го кажам е дека сите компании кои извезуваат на рускиот пазар ги почитуваат правилата за извоз, а тоа го покажуваат и статистичките податоци за трговската размена меѓу двете земји од почетокот на годината каде што нема драстична промена на вредноста која би ги потврдила ваквите тврдења, вели за Вечер, Дејан Бешлиев извршниот директор на македонско – руската стопанска комора во Македонија.

18.11.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега