Надал најави враќање во јануари идната година

 

 

 

Најдобриот шпански тенисер и трет светски рекет во моментов Рафаел Надал најави дека на терените ќе се врати на почетокот на 2015 година.

- Ќе играм во Абу Даби, а потоа и во Доха, изјави Надал.

 

Шпанецот паузира околу еден месец, а уште трае неговата рехабилитацијата од операцијата на слепо црево поради која не настапи на Мастерс купот во Лондон.

 

Турнирот во Абу Даби е од егзибициски карактер и ќе се игра од 1 до 3 јануари, додека потоа следува турнирот во Доха од 5 јануари. 

Надал во својата кариера има освоено 14 Грен слем титули, а настапот на овие два турнира ќе му овозможат да се подготви за првиот Грен слем турнир во годината Австралија Опен

18.11.2014 - 15:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега