Русија и Кина ја предадоа Србија - Косово ќе оди на Олимпијада
Двете најголеми држави во светот Русија и Кина, кои се уште го немаат признаено Косово, нема да го блокираат неговиот прием во Меѓународниот олимпидски комитет (ИОК), пишува Курир.рс, повикувајќи се на извори блиски до Владата на Србија и ИОК.
Ова значи дека на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година ќе учествуваат и спортисти од Република Косово.
"На нашата влада од ИОК и соопштиле дека Србија направила се што е во нејзина моќ во претходните четири години да го блокира приемот на Косово, кое сега ја има поддршката од САД и Германија, додека Русија и Кина ја свртеле главата. Се поизвесно е неговото признавање на седницата на ИОК во декември во Монако. Сојузниците на Србија, Кина и Русија не се подготвени да го сопрат влегувањето на Косово во МОК. Тие се рамнодушни по ова прашање, додека Србите сами ништо не можат да сторат, освен да го искажат своето незадоволство. Претседателот на Олимпискиот комитет на Србија Владе Дивац и министерот за спорт Вања Удовичиќ се обидоа да сторат се што е во нивна моќ, но рацете сега им се врзани", вели извор за порталот.
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, изјави дека немало негативни реакции по провизорниот прием на Косово - Олимпискиот комитет на Русија не се огласи, Србија не е задоволна со оваа одлука, но ја почитуваме, изјави Бах. Тој приемот на Косово го објасни со "неговото признавање од меѓународната заедница". Притоа се повика и на Олимписката повелба, иако ваквата одлука грубо ја прекршува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа