Охридските плоштади наскоро со нов лик

Наскоро плоштадите „Крушевска Република“ кај Стариот Чинар, и главниот плоштад „Свети Климент Охридски“ во Охрид ќе добијат нов изглед. Од општината распишаа конкурс за избор на идејно архитектонско решение за партерно и хротикултурно уредување на двата плоштади.

Според одредбите конкурсот ќе биде отворен до 22-ри идниот месец, а заинтересираните своите идејни решенија можат да ги достават по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид. 

Како што се наведува во конкурсот, уредувањето на двата плоштади треба да придонесе за создавање на плоштади со амбиентален стил што ќе овозможи поефикасна организација на манифестации и уживање во прошетките на граѓаните и туристите. Потребата од уредување е показател за степенот на развој на урбаната култура на населениот, но исто така и потреба од надополнување на содржините кои ќе создадат убави, модерни катчиња и понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странските посетители.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега