Фрчат казни во Гостивар за непрописно минување на пешачки

Дваесет и шест пешаци непрописно ја минале улицата во рамки на вчерашните активности за контрола на однесувањето на пешаците во сообраќајот кога ги минуваат улиците или се движат по коловоз.

Од СВР-Тетово информираат дека заради таквото однесување лицата ќе се соочат со соодветна глоба, а ќе треба да посетуваат и еднодневна сообраќајна поука. 

Такви контроли биле спроведени и во Тетово, кадешто се констатирани вкупно 15 прекршоци. Осум пешаци поминувале на црвено светло, шест се движеле по коловоз, а еден надвор од тротоар. На девет од пешаците-прекршители изготвени им се покани за наплата на глоба од 25 евра во денарска противвредност, додека шест добиле само писмени предупредувања.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега