Денеска пресуда за Љубе Бошкоски

Кривичниот судскиот совет денеска попладне да ја соопшти пресудата за случајот „Ровер“ во којшто им се суди на десет лица меѓу кои и на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

Повтореното судење за случајот за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година, следува откако Апелација го врати на повторно судење и ја оспори првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1.

На судењето Бошкоски отворено го изразуваше револтот против судечкиот совет и бараше изземање на судијата Илија Трпков. Својот револт за овој процес, во којшто неколку пати беше отстранет од судницата поради недолично однесување, го објасни со непочитувањето на правната држава од страна на судот

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега