Објавен списокот на ракометарки за дуелите со Исланд
РФМ го објави списокот на ракометари кои се повкани за двомечот со Исланд за квалификациите за СП 2015. Тие ќе треба да ги одработат завршните подготовки а на списокот се повикани:
Голмани: Наташа Антиќ, Драгана Петкoвска и Ивана Зафирoва.
Крила: Јована Саздoвска, Драгица Митрoва и Сара Ристoвска.
Бекови: Дајана Јoванoвска, Теoдoра Керамитчиева, Андреа Белеска, Душица Ѓорѓиевска, Симона Гроздановска, Зорица Десподовска, Марија Штериова, Елена Ѓорѓиевска и Симона Стојановска.
Пикери: Робертина Мечевска, Марија Николиќ и Ивана Гакидова.
Резерви: Елена Ливриниќ и Симона Николовска.
Собирот на репрезентативките е закажан за на 27 овој месец, првиот натпревар се игра на 3 декември во Исланд, додека реваншот е на 6 декември во Скопје.
Македонија доживеа пораз на првите два натпревара од Италија и е само со теоретски шанси за обезбедување бараж до кој може да се стигне со две победи над Исланд, а при тоа Италија двапати да загубат од следниот наш противник.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа