Наместо да работат во странство останале без скршен денар - тешка судбина за гостиварчани

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против 48-годишниот Л.Р. од Гостивар кој измамил сограѓани. Во ноември пријавениот на две лица од Гостивар и Битола им ветил дека ќе вработи и ќе им извади работна виза за Белгија или Швајцарија, за што на лицето од Гостивар му наплатил 5.000 евра, додека на другото лице му наплатил 950 евра. По ова, тие илегално работеле неколку месеци во Белгија и Швајцарија во фирма на измамникот, но истиот не им извадил работна виза и не им ги вратил парите. 

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега