Последни подготовки на македонските ракометари пред решавачките мечеви со Швајцарија и Португалија за пласман на ЕП
Вечерва нашите македонски ракометари ќе ги имаат последните подготовки пред големиот меч против Швајцарија кој е еден од одлучувачките за нас за пласман на ЕП во Данска. Мечот ќе се игра во Цирих на 12 јуни, а покрај тоа што ќе треба да славиме на овој дуел, треба и да се надеваме на пораз на Португалија против селекцијата на Шпанија. Проблемите настанаа по поразот од Португалија минатата година, па оттука16 месецов покрај горенаведените калкулации, нашата селекција во директен дуел ќе се судри со португалските ракометари за место на ЕП во Данска
-Не очекува доста тежок меч на кој позитивен резултат не остава во игра за пласман на ЕП во Данска. До синоќа бевме без Борко Ристовски, но и тој ни се приклучи што значи дека сме комплетни и дека она што беше планирано речиси целосно го реализиравме. Подготвени сме сите да дадеме се од себе, да одиграме добар меч и секако да направиме позитивен резултат. Во моментов размислуваме само за мечот со Швајцарија, а дури по овој дуел ќе мислиме на Португалија, вели селекторот Ивица Обрван.
Нашиот најдобар македонски ракометар Киер Лазаров смета дека поголеми шанси имаме против Португалците отколку со Швајцарија, но дека тимот е искусен и може да се соочи со предизвикот кој ги очекува.
-Наша голема предност е што имавме 7-8 дена за подготовки што не беше случај пред дуелот со Шпанија. Направивме многу во изминатиот период и мислам дека напредувавме. Има повредени играчи, Миркуловски и Наумче не се целосно опоравени, а секако дека Манасков и Ѓеоргиевски доста ќе ни недостасуваат. Сепак, се надевам дека ќе успееме да го надоместиме нивното отуство и дека ќе одиграме добар меч, вели капитенот Лазаров.
ФОТО: Курир