Кој се е приведен во полициската акција во Охрид?
Во рамки на полициската акција која вчера беше спроведена во Охрид покрај поранешниот градоначалник, Александар Петрески уапсени се и сите вработени во Општината од времето кога тој бил на функција.
Меѓу уапсените се раководители на сектори, сопственици на фирми кои добивале тендери од Општината и вработени на останати пониски функции. Приведени се Зоран Ш., Емин С. и Гоце С., кои биле на функција раководители на сектори во општината, како и Бранко К., Симон К., Јован К., Олег М. и Сузана П., кои биле сопственици управители на фирми кои добивале работа од Општината.
Буџетот на Општината вкупно е оштетен за околу 50 милиони евра во периодот додека Петрески беше на чело на оваа локална самоуправа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа