Wi-Fi канти за ѓубре - нов начин на тајно шпионирање на паметните телефони

Во неверојатниот тестамен за длабочината на набљудувањето на нашето друштво, новата линија на „шпиунските“ канти за ѓубре се придодадени на меѓународната Агенда на програмата за набљудување со цел да се соберат што повеќе лични податоци, во секој наш чекор.

Во минатото сме виделе како политичарите откриваат дека разни електроники како што се телевизијата, компјутерите, се апарати преку кои може да бидете шпиунирани во било кое време, благодарение на вградениот хардвер, но сега дури и најосновните работи се претворија во алат за набљудување од страна на државата. Всушност тие воопшто не мораат да бидат електрични уреди.

Таков е случајот со новите „шпиунски“ канти за ѓубре, кои од неодамна се поставени на улиците низ Лондон и истите се во бета тестирање (верзија на тестирање пред истите да бидат ставени во целосна функција)

Користејќи инфраструктурата на Wi-Fi технологија,  технолошки опременета канта за ѓубре, новата „Обновена капсула“е поставена низ четвртина од просторот во Лондон.

Кантите додека поминувате покрај нив ја користат својата интернет конекција и собираат информации од вашиот паметен телефон, без ваша дозвола (или било каков облик на предупредување)

Додека ги обработува податоците, истите завршуваат во шпиунските агенции како што се GCHQ или NSA или „Renew“, која стои зад шпиунските канти.

Renew“ шпиунирале 4 милиони уреди во текот на една недела во јуни, користејќи само 12 шпиунски канти за ѓубре (10% од залихите на компанијата)

Главниот и извршен дикректор Кавех Мемари за Би-Би-Сиизјавил дека воглавно се собираат само ограничени, шифрирани и анонимни подаотци за да се набљудува локалниот промет, на сличен начин како што веб страните го следат дигиталниот промет.

 

Од едносавни идентификациски адреси, производи, модели, па дури и брзината, овие шпиунски канти за ѓубре ќе знаат за вас повеќе од вашиот телефон. Нешто што е едноставно против законот, и нешто со кое што и самиот Google се соочи со правни прашања во приликата на објавување на апликацијата Street View со оглед на фактот што обелодени лични податоци на случајни граѓани. 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 18:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега