Македонците муслимани бараат извинување од Реисот Сулејман Реџепи за навредата

Претседателот на Здружението на Македонци со исламска вероисповед Исмаил Бојда за време на неговото гостување во вестите на Канал 5, рече дека не е изненаден од изјавата на Реисот Сулејман Реџепи во која тој ги навреди Македонците муслимани велејќи дека се хибридна и вештачка појава.

 Зачудува фактот што тој човек се уште ја носи титулата Рејс Сулејман Реџепи, тоа не е негов прв гаф во Исламската верска заедница, во 2011 година ги повика сите муслимани во албанската нација во единствена албанска држава, човекот веројатно не ја залужува ниту титулата и ги повикувам сите муслимани кои се претставници на ИВЗ да се запрашаат дали тој има моќ да ја води оваа Исламска заедница со вакви навредливи работи, рече Бојда.

Ваквите идеи, според него, не доаѓаат за првпат од Реисот, тој вели дека како Сојуз се избориле за пристап кон сопствената нација и национална припадност.

- Кому му смета ние да бидеме Македонци а по религија муслимани, мојата религиозна припадност е моја лична припадност и тоа не ме прави помал Македонец ниту пак поголем или помал мусиман од другите, додаде Бојда.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмаиловска пак вели дека во моментов кога ја дознала веста неколку вознемирени луѓе и се јавиле во врска со изјавата на Реисот Сулејман Реџепи.

- Беа навистина вознемирени и запрепастени, се чувствуваа неубаво и бараа од мене како нивен претставник да реагирам по однос на ова прашање бидејќи и јас а верувам и луѓето кои го дале гласот за мене имаат право да се чувствуваат Македонци, не гелдам ништо срамно во тоа во Македонија да се чувствувам како Македонка, само затоа што мојата религија е муслиманска, посочи пратеничката Исмаиловска.

Таа побара извинување не само кон неа и кон пратениците туку кон сите Македонци муслимани.

Целото гостување погледнете го во продолжение.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 20:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега