Извозот расте - нарачките за компаниите се обезбедени

Економијата е во постојан пораст, а проекцијата за раст за следната година е реална. Извозот расте, нарачките за компаниите се обезбедени и нема најава за некоја посериозна криза, вели претседателката на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска во интервју за Лидер.

ЛИДЕР: Каква е според вас состојбата во домашната економија?

-Домашната економија е во постојан раст и според проекциите за оваа и за следната година, имаме еден очекуван раст којшто е поттикнат од зголемениот број на домашни и странски инвестиции во Македонија.

ЛИДЕР: За оваа година македонската Влада има проценка од 3,5% економски раст, НБРМ е пооптимистична со 3,7%. Каков е ставот на ССК?

Ние сме на иста линија со Владата, сметаме дека оваа проекција е реална и дека растот би се движел до 3,5%, додека наредната 2015 година, се очекува зголемување до некаде 4%.

ЛИДЕР: Членки на вашата комора се оние компании кои се сметаат за ‘рбетот на домашната економија, тоа се малите и средните фирми. Што велат тие, каква е состојбата кај нив, имаат ли проблеми со ликвидноста?

Во ССК покрај малите и средните компании, членови се и околу 70 компании кои се во ТОП 100 во Македонија. Она што е очекувано од нивна страна е да се држи нагорната линија на движење која ја имаме во овој момент. Нема некои поголеми замерки и проблеми во врска со работењето, меѓутоа во последно време реагираат на одредени промени кои се случуваат во законската регулатива, кои се во овој момент малку тешки за абсорбција во компаниите.

ЛИДЕР: Што е со банкарската политика. Лесно се доаѓа до кредит?

Во овој момент има средства од банките, не само од комерцијалните, туку и од странските. Тука е Европската банка за обнова и развој која нуди и поволни каматни стапки, а компаниите ги користат овие поволности.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

 

 

Оцени ја веста

22.11.2014 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега