Цезар салата
Денеска ви препорачуваме да ја направите вкусната Цезар салата, еве што вие потребно за неа:
- 2 марули
- 300г пилешко филе
- 300г свежи домати
- 100г двопек
- 120г маслинки
- 100г пармезан
- Сос за зачинување направен од сенф, мајонез и сок од лимон
Начин на приготвување:
- Испечете го пилешкото филе на грил тава или на скара и исечкајте го на ситни коцки.
- Искинете ги листовите од марулата на парчиња.
- Исечкајте ги доматите на мали коцки.
- Искршете го двопекот на парчиња.
- Обескостете ги маслинките и ситно исечкајте ги.
- Состојките ставете ги во длабок сад и додајте го претходно приготвениот сос за зачинување. Промешајте.
- Изрендајте го пармезанот на површината на салатата и послужете.
Оцени ја веста
22.11.2014 - 13:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа