Груевски: Спремаме позитивна бомба која ќе реши проблеми на многу граѓани

Премиерот Никола Груевски вечерва во дневникот на Сител ги искоментира најавите на Зоран Заев за некакви бомби.

Наспроти бомбите кои СДСМ ги најавува, Груевски вели дека тие спремаат позитивна бомба.

-Заев отсекогаш се заканувал, нека продолжи да се заканува. Ние работиме друг тип на бомби. Еве спремаме една бомбичка, но позитивна со која ќе решиме долгогодишен проблем на илјадници луѓе во Македонија. Тоа планираме наскоро да го објавиме. Ние имаме позитивен приод кон решавање на проблемите, кон реформи, кон помагање на луѓето. Тие се заглавени во друга сфера во негативним кампањи, манипулации, рече Груевски.

Тој додаде: Ние ќе тераме по наше, тие по нивни, па народот нека пресуди.

 

 

Оцени ја веста

22.11.2014 - 22:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега