Од утре „Отворено со катастарот“

 

Агенцијата за катастар на недвижности од утре почнува со акцијата „Отворено со катастарот”, чија цел е граѓаните кои имаат прашања и проблеми да им се овозможи да ги решат веднаш, на самото место, да се запознаат со спроведените реформи и новини, но и да дадат сугестии, предлози и идеи за подобрување на работата на катастарската служба.

Во рамки на акцијата, вратите на Агенцијата и нејзините 30 подрачни одделенија низ државата ќе бидат отворени секој ден од 9 до 17 часот. Отворените денови со катастарот почнуваат утре од градот Скопје каде акцијата ќе трае до 28 ноември. Распоредот за останатите денови на „Отворено со катастарот” е веќе поставен на веб страницата на Катастарот и во седиштата на сите општини.

Билансот на Катастарот во моментов е 107.000 запишани граѓани, со добиен имотен лист, а вкупната бројка на поднесени барања достигна 360.000. Од минатата недела почна и дистрибуцијата на направените елаборати, вкупно 603, за социјалните случаи кои имаат доставено вкупно 1.256 барања за легализација. 

Постапката за легализација се уште не ја завршиле голем број граѓани, а како еден од главните проблеми и натаму е изработката на геодетски елаборати. Рокот за поднесување елаборат истекува на 31 декември 2015 година. 

Акцијата „Отворено со катастарот“ започна во 2007 година и се спроведува седма година по ред. 

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега