„Пријатели јас ќе влезам во багажникот" - еве низ каква голгота поминало момчето кое се удави во Дунав

Нови детали за несреќата која вчера ја потресе Србија и во која шест млади со автомобилот се превртеа во Дунав. Како што пренесува српскиот Блиц, 19-годишното момче кое било заробено во багажникот на автомобилот во времето на несреќата прифатило да се вози таму затоа што за сите немало доволно место во автомобилот.
 
Откако излегле од кафулето, се упатиле кон БМВ-то, но пред да влезат во автомобилот сфатиле дека нема доволно место за сите со еден автомобил да отидат до ресторан на Ада Хуја, каде што имале намера да продолжат со забавата.
 
„Пријатели, ако нема место, еве јас ќе влезам во багажникот. Не е проблем“, се понудил самиот 19-годишниот Милош Јанковиќ. 
 
Возеле брзо, а возачот бил под дејство на алкохол и со себе не носел возачка дозвола, утврди полицијата.
  
„Удавеното момче се обидувало да излезе до последен момент. Тоа го заклучивме затоа што со ногата успеал да искрши еден дел од задното седиште, обидувајќи се да најде излез од ужасната ситуација. Но, водата брзо навлегла во автомобилот и момчето не успеа да се извлече“, раскажува извор за српски „Блиц“.
 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега