Употребата на сигурносните појаси полека, но сигурно се подобрува

Употребата на сигурносните појасни полека но сигурно се подобрува. Со кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот за употреба на сигурносни појаси поголема употреба на безбедносните појаси се забележува во урбаните средини додека во руралните средини и малите места има подобрување, но помало. Во споредба со европската практика каде сите резултати под 75% за употреба на сигурносни појаси се сметаат за лоши резултати, во Р. Македонија треба уште многу да се работи на таа проблематика.

Ова се дел од резултатите од набљудувањето за користење на појасите во сообраќајот кои беа направени за време на кампањата што денеска го соопшти  професорот Миле Димитровски  од Факултетот за безбедност и член на Советот.

 

Набљудувањето било вршено во 4 периоди и тоа пред почетокот на кампањата и 3 набљудувања за време на кампањата.

Употребата на сигурносниот појас  на територијата на Скопје се зголемила од почетните 37%  на  58% што е значајно покачување од 21%. Од општините најслаби се резултатите во Бутел, а најдобри во општина Гази Баба.

-За да не биде само обично набљудување ние се обидовме да направиме и една анкета. Анкетиравме 180 деца од 5 училишта во Скопје на возраст од 10 години со неколку прашања. Според резултатите од анкетата 34% од родителите не користат сигурносни појаси , а 61% од родителите додека возеле зборувале на мобилен телефон, истакна Димитровски.

Тој додаде дека  заклучоците од овие набљудувања за овие два месеци се дека употребата на сигурносните појасни полека но сигурно се подобрува и за само 2 месеци резултатите во Р. Македонија се подобрени за 14%.

- Резултатите во урбаните  средини покажуваат значајни подобрувања додека во руралните средини и во малите места имаат помал пораст, а свесноста за користење на појасите се уште не постигнала добро ниво, истакна Димитров.

 Свеста за користење на безбедносен појас е покачена повеќе  кај совозачите  кај кои има пораст на користење од 21%.

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега