Македонија го презема претседателството со Централно - европската иницијатива

Македонија денеска ќе го преземе претседателствувањето со Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) од Австрија. 

- Македонија го презема претседавањето од Австрија на ЦЕИ. Ќе имам излагање. Одлична можност за промоција, контакти и остварување на нашите цели. Ќе има настани и во Македонија во наредниот период, изјави синоќа премиерот Никола Груевски.

Претседателот на Владата ќе учествува на 11.Виенски економски форум - Виена самит 2014 „Визии и одговорности во време на промени“, на кој ќе има свое обраќање. На самитот најавено е учество и на други европски лидери. 

Груевски најави дека во Виена ќе се сретне со претседателот на Европската банка за обнова и развој, како и со премиерите на Австрија, Чешка, Италија...

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега