Во Косово следните денови финализација на договорот и закажување Собрание

 

 

Лидерите на ДПК Хашим Тачи и ДСК Иса МУстафа соопштија, по синоќешниот состанок во Приштина, дека двете партии во наредните денови ќе ја интензивираат работата на формулирање на коалицискиот договор, програмата на идната влада и ќе одржат конститутивна собраниска седница.

Во заедничката изјава Тачи и Мустафа наведоа дека на состанокот е разговарано за наредните чекори во формулирање на коалицискиот договор меѓу двете партии.

Финализирањето на договорот за коалиција меѓу ДПК и ДСК ќе биде реализиран во наредните денови.

Во соопштението се наведува дека лидерите на двете партии како коалициски партнери изразиле подготвеност интензивно да се ангажираат, со цел граѓаните на Косово да добијат кредибилни институции, способни да ја унапредат агендата на економскиот развој, владеење на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, и евроатлантските процеси.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега