Наришкин: Наметливо е барањето на ЕУ до Србија за воведување санкции против Русија

 

 

Претседателот на руската Државна дума Сергеј Наришкин како „грубо и нахално“ го оцени барањето на Европската унија до Србија за приклучување кон санкциите против Русија.

- Буквално пред неколку дена ние слушнавме груба и, би рекол, нахална изјава на еден од високо позиционираните чиновници на Европската унија во однос на независната суверена држава Србија. На Србите им беше кажано: или да се приклучите кон антируските санкции или немате место во Европската унија, рече Наришкин на прес конференцијата во главниот град на Казахстан, Астана.

 

Според него, ваквата позиција позиција на ЕУ претставува уцена и им противречи на сите норми на меѓународното право.

 

-Таквите чекори немаат ништо заедничко со принципите на суверената еднаквост, со принципите на почитување на историјата, културата и традицијата на земјата партнер, прокоментира претседателот на Државната дума.

 

За време на минатонеделната посета на Србија еврокомесарот за односите со соседните земји и преговорите за проширување, Јоханес Хан, на средбата со шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ изјави дека како кандидатка за членство во ЕУ, Србија треба да ја приближи својата надворешнополитичка позиција со европската.

Подоцна српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека стратегиската цел на Србија е патот кон ЕУ, но Белград нема намера да воведува санкции против Русија.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега