Над 35 милиони евра сомнителни трансакции на Косово

 

 

Финансиската разузнавачка единица на Косово открила повеќе од 35 милиони евра сомнителни трансакции, кои се обиделе да ги прикријат преку косовскиот банкарски систем во текот на минатата година.

Оваа единица, исто така, во 2013 година открила уште седум сомнителни трансакции за финансирање тероризам. 

- Бројот на сомнителни трансакции во овие извештаи бил 564, што во паричен износ е околу 35 милиони евра, се наведува во документот, до кој дошол весникот.

Минатата година бројот на извештаите за трансакции во готовина достигнал повеќе од 600.000.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега