Се штедело на набавка на лекови за екстра профити

Пациентите нема ништо да загубат со новата реформа за набавка на лекови. Напротив добиваат исти лекови со ист квалитет и навремено, а истовремено се прават заштеди кои директно одат за реновирање на болници, зголемени плати на лекарите, и изградба на нови делови на болниците и опрема.

Ова го изјави премиерот на Македонија, Никола Груевски во вестите на телевизија Алфа. 

Премиерот објасни и зошто досега не се правени вакви заштеди и зошто толку некој протестира против ваквите реформи.

-Тие имале екстра профити како што нема во ниедна друга земја. Сето тоа некој свесно им го дозволувал и тој што свесно им го дозволувалл сега најмногу прави проблем и фрла димни бомби меѓу народот да се создаде некое мнение дека погрешни лекови ќе се набават, дека ќе бидат помалку кавалитетни и дека ќе имаат штетеа пациентите, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега