Гори Крит

Се уште гори големиот шумски пожар кој вчера избувна во областа Ласити на Крит.

Пожарот доцна синоќа бил ставен под контрола, но подоцна се разгорел поради силните ветрови кои дуваат во областа. Огнената стихија засега не претставува закана за населени места, јави дописникот на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 20 противпожарни вoзила, 46 пожарникари и повеќе волонтери.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега