Немам возачка, испив 20 ракии- исповед на возачот кој однесе три млади лица во смрт

Деветнаесетгодишниот Душан Јовановиќ од Белград го возеше автомобилот марка БМВ кој во саботата во раните утрински часови заврши во водите на Дунав. Три млади лица загинаа во несреќата, додека останатите тројца патници успеаја да испливаат и да се спасат.

Друштвото се враќало од ноќен клуб, сите биле под дејство на алкохол, а се испитува дали зеле и наркотици. Автомобилот кој возел 110 км на час без кочење завршил директно во реката.

- Се напив 20 ракии од малина во тој кафиќ, не знам што се случи, не знам каде се наоѓам – изјавил во полиција Јовановиќ, а пренесува „Блиц“.

Надлежниот суд нареди притвор од 30 дена, поради потенцијалното влијание врз сведоците, можноста да се повтори кривичното дело, како и нарушување на јавниот ред и мир.

- Признавам дека сум виновен и сум подготвен да ги поднесам последиците од трагедијата која ја предизвикав – рече на сослушувањето Јовановиќ

- Многу жалам, и не знам како ќе живеам и ќе ја носам на душа смртта на моите пријатели и тоа што возев без дозвола, пишува Вечерње новости делови од неговиот исказ пред истражниот судија.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега