Платите растат за 25%: Ако сте земале 30.000 денари од идната година ќе земате 37.500
Над 800-тини специјалисти од скопските клиники ќе добијат зголемување на платите. Заклучно со февруари, примањата ќе им бидат поголеми за 24,92%. Министерот за здравство вели дека парите доаѓаат од заштедите направени со групните набавки во здравствениот сектор.
Зголемувањето на платите ќе се изврши во два наврати, и тоа со исплатата на ноемвриската плата од 9,6 проценти и февруарската плата со вторите 9,6 проценти. Ако се земат предвид и 4-те проценти што ги доби веќе администрацијата со октомвриската плата, значи од февруари специјалистите од скопските клиники ќе имаат поголеми плати за 24,92%, изјави Никола Тодоров министер за здравство
Со последната спроведена централизирана набавка на лекови за ЈЗУ со овозможен паралелен увоз биле заштедени речиси 6 милиони евра на годишно ниво. Најголем дел од заштедата е на универзитетските клиники. Затоа, според Тодоров бенефит треба да имаат токму специјалистите.
Досега овие пари одеа во нечии џебови. но ние решивме да се спротиставиме на оваа појава, да ставбиме крај и со групните набавки заштедите да одат кај оние кои на плеќи ги носат најголемите работи, вели Тодоров
Тодоров потсети дека претходно зголемување на платите добиле и лекарите од секундарната здравствена заштита.
Пред покачувањето |
По покачувањето |
30.000 денари |
37.500 денари |
40.000 денари |
50.000 денари |
50.000 денари |
62.500 денари |
60.000 денари |
75.000 денари |
Оцени ја веста
24.11.2014 - 11:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа