На 41 година почина Претседателот на одборот на директори на Македонски Телеком

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со длабоко жалење известуваат дека на 23 ноември, 2014 година ненадејно почина претседателот на Одборот на директори, г-дин Оливер Костуранов.

Г-дин Костуранов ја вршеше функцијата Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком од мај 2010 година и беше максимално посветен на оваа позиција која ја извршуваше со голем ентузијазам.

Оливер Костуранов ќе го паметиме како голем човек кој ја заслужува нашата
најдлабока почит и врвен професионалец кој даде огромен придонес во унапредувањето на компанијата и нејзините вработени.

Прераната смрт на г-динот Костуранов претставува голема загуба за Македонски Телеком и Т-Мобиле, како и Magyar Telekom и Deutsche Telekom групациите.

 

Искрено сочувство до неговото семејство.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега