МОН: Родителите и наставниците да се дружат преку викендот

Министерството за образование и наука информира дека во тек е реализацијата на проектот “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ кој е дел од програмата за работа на Владата на Република Македонија и чијашто единствена цел и фокус се учениците, нивното правилно насочување и придонес кон социо - културолошкиот развој, преку факултативна интеракција и дружење со родителите и наставниците.

 Проектот овозможува зајакнување на врската родител - ученик – наставник, што пак, значи јакнење на воспитната компонента преку заеднички активности во училиштето, односно преку организирање на спортски, културни, забавни и едукативни активности.

 

Активностите кои ги предлагаат Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и кои не се задолжителни, се организираат во вид на отворени денови во работната недела или викенди исполнети со соодветни активности, како на пример организирање на спортски натпревари помеѓу екипи составени од ученици, родители и наставници, како и мешани екипи, организирање на музички настани, еколошки денови, заеднички излет на родителите, наставниците и учениците во некое околно место на училиштето, организирање на базари по повод одредени празници, заеднички посети на национални музеи, галерии и слично.

Одлука за тоа кога ќе се реализира одредена активност носат училиштата, во договор со родителите кои прифатиле да дадат поддршка и да се приклучат на овие факултативни активности. 

За Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, најдобрите интереси на децата се врвен приоритет и токму затоа, овој проект кој како пракса постои, се применува и дава позитивни резултати во многу од земјите со високо развиени образовни системи, се имплементира и во нашата земја. Интересот е голем и се потврдува со големата вклученост на учениците, родителите и наставниците во бројните, веќе реализирани активности.

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега