Изгорено машко тело пронајдено во тетовско
На ливада покрај земјениот локален пат што ги поврзува селата Јегуновце и Пршовце, во близина на тамошната чешма, утринава пронајден е мртов 73-годишниот Б.Ц. од Јегуновце.
Местото веднаш е обезбедено од полициски службеници на СВР Тетово, а нешто подoцна извршен е увид, со учество и на јавен обвинител и лекар по судска медицина.
Безживотното тело на Б.Ц, според утврденото во увидот, во значителна мерка било изгорено, додека на два-три метри оддалеченост од него се наоѓала пластична канта со непозната запалива течност и запалка, кои се фотодокументирани, подигнати и ќе се вештачат, а по наредба на јавен обвинител на телото ќе се врши обдукција. Се превземаат активности за расветлување на сите поединости поврзани со овој случај.
Инаку, вчеравечер во 20 часот и 30 минути, 36-годишен жител од тетовско Јегуновце, пријавил дека дента околу 9 часот од куќата во која живеел сам се оддалечил и не вратил назад неговиот 73-годишен сосед и роднина Б.Ц.
Според кажувањето на пријавителот, кој денеска го пронашол мртвото тело, тој наводно заминал кон Тетово.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа